Безвластието ја води Македонија до колапс, пишува грчкиот весник „Катимерини“ и ја оценува актуелната политичка криза како најопасна по конфликтот во 2000.
„Кај меѓународните дипломати не постои сомневање дека играта е чисто политичка, а главни играчи се Груевски и премиерот на Албанија Еди Рама и не треба да постои залажување дека работата ја раководат други држави“, коментира весникот.
Според „Катимерини“, Груевски се обидува да го блокира формирањето нова влада воден од стравот дека ако СДСМ формираат влада, веројатно ќе се развие судскиот процес против скандалите за неговите финансиски криминали и тој можно е да заврши во затвор, додека пак Рама наместо да им дозволи на албанските партии во Македонија да се организираат самостојно, се покажал како силен следбеник на визијата за „национално обединување“ на Албанците.
Коѕијас истакна дека одредени членки на ЕУ сметале дека Грција треба да направи отстапки за да го помогне надминувањето на кризата во Македонија и Албанија, но според грчкиот шеф на дипломатијата проблемот бил недостиг од демократија.
Според весникот „Етнос“, врз Грција периодов постојат притисоци за отстапки во спорот за името со идеја дека ова би можело да помогне да биде поттик за европската перспектива на Македонија и помош за решавање на кризата. Весникот потенцира дека Коѕијас следниот понеделник во Вашингтон ќе има средба со новиот американски шеф на дипломатијата Рекс Тилерсон.
Извор: утрински весник