Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски потврдил дека Јанева е повикана да ги образложи причините зошто СЈО се откажа од обвинението за „Пуч, објави Телевизија 24.
Специјалното јавно обвинителство обвинението за случајот „Пуч“ го повлече на 18 јануари, а две недели подоцна Советот на јавни обвинители ги побара списите од предметот.
Случајот „Пуч“ стана познат во јавноста како прв предмет во кој некој е обвинет за шпионажа и насилство врз највисоки државни органи. Обвинети беа лидерот на опозицијата Зоран Заев, понаешниот шеф на УБК Зоран Верушевски и неговата сопруга Соња, Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, двајцата од МВР и Бранко Палифров вработен во општина Струмица.