“Каша-попара” во МВР: Чавков во оставка, провладиниот аналитичар Андонов нов министер

Портпаролот на владата Александар Ѓеоргиев изјави дека министерот за внатрешни работи Митко Чавков поднел оставка од министерската функција.

За нов министер ќе биде предложен аналитичарот Оливер Андонов за кого јавноста дозна по започнувањето на објавување на политичките “бомби” од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Андонов од тогаш па се до ден денес во сите свои гостувања по дебатните емисии ги брани ставовите на власта околу политичката криза.

Тој по се изгледа ке се памети во македонската историја како министер кој бил на функцијата само еден ден, знаејки дека веќе утре треба да се изберат новите министри и заменици министри на предлог од СДСМ, меѓу кои и нов министер во МВР.

Според Ѓеоргиев, Андонов по едно дневното министерување ке биде назначен за дополнителен заменик-министер во МВР.

Според портпаролот на Владата, се очекува привремениот премиер Димитриев да го предложи Чавков за нов директор на Бирото за јавна безбедност во МВР.

Претпладнево на седница на влада се разрешени и досегашните директори на Јавна безбедност и УБК.

Досегашниот директор на Управата за финансиско разузнавање, Владимир Атанасовски е именуван за нов директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. Ова е второ решение за директор по оставката на Сашо Мијалков, првиот братучед на Никола Груевски кој шефуваше со македонската тајна полиција 9 години.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e