Кандидатите за претседател на државата треба да ги достават своите кандидатури до ДИК до 21. март, а кампањите за изборите ќе почнат на 1. април.
За официјализација на претседателската кандидатура треба да имаат 10.000 граѓански потписи, или 30 потписи од пратениците.
Од ДИК истакнаа дека во моментов само Гордана Силјановска – Давкова ги има собрано потребните потписи. И натаму е неизвесно дали кандидатот на СДСМ и на ДУИ Стево Пендаровски ќе достави потписи од граѓани или од пратеници.
Потписи за кандидатура собираат уште неколку претеденти, меѓу кои и Блерим Река кој ќе биде кандидат за претседател од Алијансата за Албанците.
Извор: 21ТВ
