На изборните листи на ВМРО-ДПМНЕ ги нема Диме Спасов, Спиро Ристовски, Зоран Ставрески и Владимир Пешевски, објави Дојче веле. Дел од овие луѓе, од страна на СЈО, се осомничени за тешки криминали иако и доста од најавените на листите се исто така под истрага.
Техничкиот премиер Димитриев е втор во „тројката“, Трајко Вељаноски втор во „двојката“, каде на осма позиција е Јохан Тарчуловски.
Никола Груевски синоќа на својот профил на Фејсбук најави дека на предвремените парламентарни избори ќе се натпреварува со Зоран Заев во четвртата изборна единица.
Првата изборна единица ќе ја предводи Никола Попоски. Во двојка, прв на листата ќе биде Никола Тодоров, а Димовски ќе ја води третата изборна единица. Во петката традиционално, останува Антонио Милошоски, додека во шестката носител на листа ќе биде Влатко Ѓорчев.
Дојче веле објави дека на листите ги нема Диме Спасов, Спиро Ристовски, Зоран Ставрески и Владимир Пешевски.
„Од ударната постава на ВМРО-ДПМНЕ единствено министерката за култура Елизабета Канческа Милевска е на втора позиција во кецот, по неа се Борис Змејковски, Драган Данев и претседателката на Унијата на жени, Даниела Рангелова.
Трајко Вељаноски е втор во „двојката“, каде се и коалициските партнери Иван Стоиљковиќ и Амди Бајрам, а изненадување на осмата позиција е Јохан Тарчуловски. Техничкиот премиер Емил Димитриев е втор во „тројката“. Во четворката зад Груевски е Ванковер Манчев од Струмица, Ане Лашкоска, Панчо Минов, Весна Пемова…
Васил Пишев е на шестата позиција. Во петката на втора позиција е Зоран Илиоски, потоа Лилјана Затуроска, Љубен Арнаудов, Благоја Деспотовски… Крсто Мукоски е на седмата позиција. Во шестката на втора позиција е Јусуф Хасани од Врпчиште, потоа Дафина Јовановска Стојанова, Горан Манојловски, Фатмир Имероски од Могорче, Валентина Стефановска од Тетово…
Голем дел од досегашните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ повторно се на листите, а покрај претходно споменатите, на нив повторно се најдоа и Драган Цуклев, Димитар Стевананџија, Нада Ципушева, Светлана Јакимовска, Владанка Авировиќ и други“, пишува Дојче веле.
Според досегашните инфрмации на листите најверојатно ги нема ниту некогаш најистурените играчи на партијата, Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески.