Канческа излезе вознемирена од судот: Крив и бил СДСМ

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, првоосомничена во случајот „Тендери“, предмет што го отвори СЈО, предмалку излезе од Кривичниот суд каде што беше на распит кај судија на претходна постапка.

Канческа излезе од службениот влез на судот и накратко им се обрати на новинарите потсетуваќи дека се што имала да изјави веќе го кажала на неодамнешната прес – конференција:

-Ова е политички театар, организиран од СДСМ, а СЈО ја има улогата да им помогне во сценариото во предизборието – рече Канческа, видно вознемирена и си замина.

Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e