Од Канал 5 телевизија објавија соопштение за прекинувањето со емитување на емисијата „Во центар“ на Васко Ефтов. Ви го пренесуваме во продолжение:
„По информацијата упатена до г-динот Ефтов преку неколку електронски пораки, за т.н. тонско маркирање на неколку зборови/имиња во емисијата ВО ЦЕНТАР која се емитуваше на 21 Мај 2017 година, Управителот на Канал 5 ТВ доби повратни пораки во кој беше известен од самиот автор дека таа предметна емисија, е последна од циклусот емисии ВО ЦЕНТАР, која се емитува на нашата програма.
– Дополнително, г-динот Ефтов потенцираше дека доколку се чуе само еден т.н. ПИПС ( тонско маркирање ) во емисијата од 21 Мај 2017 година, тој ќе објави прекин на емитување.
– т.н.ПИПСови ( тонски маркери ) бевме принудени да ги употребиме во конкретната емисија, токму и само поради сериозните и очигледни клевети и навреди кон трети лица искажани од авторот и неговите гости,а кои не беа поткрепени со никаков материјален доказ. Со тоа спречивме нови судски процеси против авторот и нашата ТВ куќа, кои досега се 4 на број.
По оваа конкретна и недвосмислена одлука на авторот, г-динот Ефтов, да ја прекине соработката со нашата компанија, Програмскиот совет на Канал 5 Телевизија направи консултации со правната канцеларија на нашата компанија, и одлучи ,на барање на Г-динот Ефтов, да го прифати едностраниот раскин на договорот помеѓу нашите две компании.
Ова значи дека , почнувајќи од 28 Мај 2017 година, емисијата ВО ЦЕНТАР нема повеќе да се емитува на Канал 5 Телевизија.
Програмскиот совет при нашата компанија, му посакува успешна и плодна соработка на г-динот Васко Ефтов со некој друг медиум“, стои во соопштението на Канал 5 Телевизија.