Канада побара што поскоро формирање на нова влада во Македонија.
„Канада ги повикува македонските лидери да го дозволат формирањето на новата влада без одложување, апелираме до сите страни да продолжат со поддршката и јакнењето на нашите заеднички демократски принципи, вклучително и почитување на демократските институции и владеењето на правото“, изјавила шефицата на канадската дипломатија Кристија Фриленд, соопштуваат од канадската амбасада во Белград, под чија надлежност е и Македонија.
„Апелираме до Претседателот да ја изврши својата уставна обврска и да го прифати формирањето на новата влада , што следува по парламентарните избори во Македонија одржани на 11-ти декември 2016-та година“, додала канадската министерка.
„Очекуваме дека преземените следни чекори на претставниците на властите во Скопје, вклучително и Претседателот, ќе бидат во согласност со демократскиот процес и Уставот. Канада ги повикува сите страни на воздржаност и делување во насока на она што е од најдобар интерес за Македонија и сите нејзини граѓани“, порача Фриленд