Камчев со комбе спроведен на распит во Кривичниот суд

Бизнисменот Орце Камчев пред неколку моменти со комби беше донесен во Кривичниот суд во Скопје. Возилото влезе директно во гаражите и тој не се појави во јавноста, известуваат репортерите на Алсат.

Претходно попладнево и дел од другите осомничени во случајот на СЈО, „Империја“, беа изведени на распит пред судија на претходна постапка.

Во текот на вечерва судијата треба да изврши распит по што ќе следува одлука дали ќе ги испрати во притвор или ќе им одреди мерка на претпазливост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e