Проектот SENE3 – „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“ на Република Северна Македонија има за цел да помогне во воспоставување на интегриран и одржлив регионален систем за управување со отпад. Финансиран од Европската Унија преку ИПА II програмата, проектот обезбедува поддршка за општините, јавните комунални претпријатија и регионалните центри за управување со отпад преку јакнење на капацитетите, техничка помош и активности за подигање на јавната свест. Проектот промовира ефикасно собирање на отпад, рециклирање и намалување на количествата отпад, придонесувајќи кон почисти региони, подобри јавни услуги и посилна заштита на животната средина, во согласност со стандардите на Европската Унија.
Во Источниот и Североисточниот регион се случува голема промена – промена што ќе донесе почиста околина, подобри услуги за управување со отпад и поздрави услови за живот за сите граѓани.

Преку проектот SENE3, поддржан од Европската Унија, се воспоставува целосно нов регионален систем за управување со отпад, кој ќе ги замени застарените и небезбедните практики кои што со децении влијаеја врз локалните заедници.
Проектот е осмислен за воспоставување современ, ефикасно и еколошки одговорен систем за управување со отпад, со цел да им помогне на граѓаните и на општините да разберат како системот да функционира непречено. Со воведувањето на принципите на циркуларната економија на Европската Унија, проектот укажува дека отпадот не претставува само проблем, туку и вреден ресурс кој може да се рециклира, повторно употреби и управува на начин на којшто ја штити природата и го подобрува секојдневието.

За граѓаните придобивките ќе бидат видливи. Почисти улици, позелени простори и побезбедно отстранување на отпадот наскоро ќе станат дел од секојдневниот живот во 18-те општини опфатени со проектот. Затворањето на нестандардните, нелегални депонии значи помало загадување на почвата и водата и престанок на согорување на отпад на отворено. Тоа значи почист воздух, помал ризик по здравјето и побезбедна околина за децата и семејствата.
Проектот SENE3 помага во создавање на поздрави заедници. Со елиминирање на согорувањето на отпадот на отворено и неконтролираните депонии, ќе се намали ризикот од респираторни и водозаразни заболувања. Почистите населби и зелените јавни површини ќе допринесат за градовите и селата да бидат попријатни места за живеење и работа.

Оваа трансформација оди рака под рака со зголемена јавна свест. Граѓаните се охрабруваат да ги одделуваат рециклабилните материјали, да практикуваат домашно компостирање и да ги користат новите собирни места за материјали коишто не припаѓаат во домашните садови за отпад — активно придонесувајќи за создавање почиста иднина. Со поддршка од Европската Унија, Источниот и Североисточниот регион укажуваат дека вистинскиот напредок започнува на локално ниво. Проектот SENE3 докажува дека со воспоставување на современи системи за управување со отпад и со заедничка работа на граѓаните, институциите и заедницата, сите ќе имаат бенефити. Почист, побезбеден и поодржлив живот повеќе не е идеја за иднината — тој веќе се случува денес, во Источниот и Североисточниот регион на Република Северна Македонија.
