Како Чавков купил вила на Халкидики?

Митко Чавков, поранешниот технички министер за внатрешни работи и директор на бирото за јавна безбедност, како македонски државјанин во изминатиот период нема право да купува имот и акции во странство, со што останува дилемата како го стекнал правото да купи вила на Халкидики.

Засега нема одговор од надлежните дали постои доказ дека тој поседува ваква недвижнина, иако Чавков во април 2018-та кога му беше укината мерката притвор понуди гаранција во имот од 600.000 евра.

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков вчера беше приведен и однесен е во Истражниот затвор во Шутка. Чавков е обвинет за настаните за 27. април во 2017 година во Собранието, а приведен е најверојатно поради опасност од бегство. Решението за притвор следело откако пријател кажал Чавков дека има вила на Халкидики. Судската одлука се очекува в петок.

Право да купуваат имот на свое име во страбнство македонските граѓани имаат од оваа година со стапувањето на сила на втората фаза од Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската унија. Според тоа, единствен начин тој да ја има купено вилата е да поседува грчки пасош или да биде неформален сопственик а имото да гласи на друго име.
Инаку, последен имот што го пријавил Чавков како државен функционер е во 2014-та. Пријавил стан со тераса и подрум во Струмица во вредност од 4 милиони денари. Пријавил гаража, плац, четири парцели земјоделско земјиште во Ново Село, шума и моторно возило BMW 116 D на име на дете во вредност од 500 илјади денари. Запишани се и хонорари од авторски права во вредност од околу 1,7 милиони денари.

Извор: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e