Кацарска : УБК ме известија дека доказите на Пепиќ не се декласифицирани, а тие на Нинџа се добиени незаконски

Судењето за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија продолжува утре, кога ќе треба да бидат изнесени дополнителните докази на одбраната на Митко Чавков, Душко Лазаров и Крсто Мукоски.

Судот, денешното рочиште го одложи за одбраната на Митко Чавков да може да се подготви за изведување на предложените докази.

Дополнителни докази предложи одбраната на обвинетите Крсто Мукоски, Митко Чавков, Душко Лазаров, Мунир Пепиќ, Игор Југ и Александар Василевски Нинџа, но судијката Добрила Кацарска кажа дека  добила известување од УБК дека доказите на Пепиќ не се декласифицирани, а доказите предложени од Нинџа не се прибавени на законит начин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e