Што се однесува до обидите и најавите за дестабилизација тоа е уште еден чекор на очајните и бескрупулозни политичари монструми кои по којзнае кој пат се обидуваат за личен спас да жртвуваат невини и недолжни луѓе свртувајќи го вниманието кон прашањата за федерализација и јазикот, вели во интервју за Фактор.мк професорот Јове Кекеновски.
-Сакам да потенцирам – вели тој – дека истите тие, спротивно на Уставот го усвоија Законот за употреба на јазиците кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на РМ од 2008 година како и измените и дополнувањата од 2011 година со што одамна воведоа двојазичност во државата. Посебно е потребо да се напомене дека Владата на Груевски во текот на 2014/2015 година финансираше Преглед на Охридскиот рамковен договор за социјална кохезија со кој се согласи да се усвои нов сеопфатен Закон за јазиците со кои треба да се појасни значењето на Амандман V на член 7 од Уставот на РМ.
Исто така додека Груевски беше премиер Република Македонија функционираше де факто како федерација затоа што имавме двоглава извршна власт каде министрите од ДУИ одговараа пред својот лидер, а не пред премиерот.
Република Македонија функциониршае до Групчин и позади Групчин каде законите селективно се применуваа и каде имавме граѓани од прв и втор ред. Во нивно време Р. Македонија поцрвенуваше од знамиња на туѓи држави при што се игнорираа македонското знаме, грбот, химната но и македонскиот јазик. Затоа сега е време албанските политичари јасно и гласно да кажат дека ќе го почитува и ке се борат да се зачува територијалиот интегритет и суверенитет на Р. Македонија, дека ке го почитуваат унитарниот карактер на државата, ке се залагаат за непромена на името на државата, ке ги почитуваат грбот, знамето и химната на државата како и дека ќе се залагаат сите да се чувствуваме како Македонци како по род така и по државјанство.
Интервјуто на Кекеновски во целост прочитајте го тука