Јовановиќ: Го гледаме конфликот во општеството кој го генерираат и тој наратив се персонализира во мицковото „јас“

-Идеите се такви какви што ги видовме во ТВ дуелот. Нужно е да се потенцира на два моменти, овие двајца луѓе,  Христијан Мицкоски и Зоран Заев, се две различни парадигми, два различни света. Овие луѓе конкурираат на истата позиција, премиерска, најголемата извршна политичка позиција во земјава. Разликите се огромни – констатираше аналитичарот Ненад Јовановиќ во емисијата „Седма сила“ на Слободна ТВ.

-Се докажува дека ако го гледате наративот на Заев во неговата идејна смисла, кога адресира никогаш не зборува за себе, за лично јас. Кај Мицкоски се е на лична база. Заев кога говори, споменува една политичка флоскула која адресира на многу политички чинители, од ненационализам, ги спомнува граѓаните, кога вели дека ќе ги ослободува институциите за правниот систем, дека истиот треба самосвесно да ги носат своите одлуки.. Цело време имате едно лично страдање на Заев кој минал низ големи политички премрежја, а кај Христијан Мицкоски имате наратив на лично негово „јас.“ Тоа дава една рефлексија која е премногу  опасна. – констатира Јовановиќ.

-ВМРО-ДПМНЕ не научија, изричито во овие 10-12 години, дека не може да владејат во политичкото поле без да ги растураат институциите. Пред неколку дена видовме како се однесуваше министерот за внатрешни со целата негова партиска војска како опструира, имавме случај со Мизрахи, цело време ги подриваат институциите се враќаат наративите на груевизмот…А кога ги растурате институциите потоа лесно е кршење на човековите права, медиумските слободи и права на граѓани…- заклучи Јовановиќ.

-Кога велиме да се огради од Груевски, ние граѓаните, не велиме да се потчини на Груевски, туку да побара доверба за највисоката функција. Немаат ниту вина, самочувство! – вели Јовановиќ кој потенцира дека го гледаме конфликот во општеството кој го генерираат и тој наратив се персонализира во мицковото „јас“.

Тој заклучи дека Мицкоски носи потенцијален авторитарен тоталитарен режим, а граѓаните на денот на изборите ќе одлучат чиј наратив е подобар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e