Прес конференција
Марјанчо Јорданов, Секретар на ОО СДСМ Велес
Велес, 09.03.2017
Почитувани граѓани,
Се наоѓаме во селото Бузалково, село кое во 21виот век се уште нема систем за водоснабдување.
ВМРО-ДПМНЕ преку градоначалниците Славчо Чадиев и неговиот претходник Горан Петров цели осум години лаже дека жителите на Булзаково ќе добијат водоводна мрежа.
И покрај потрошените милиони евра пари на граѓаните, денеска во Булзаково нема водовод, а околу 3000 жители на ова село живеат во недостојни услови и се снабдуваат со вода преку бунари.
После осум години лажење и манипулирање, ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту Чадиев немаат никакво право било што да им ветуваат на жителите на Булзаково. Булзаково и Велес заслужуваат нова локална власт.
По парламентарните избори на кои Бузалково гласаше за промени. на следните избори Бузалково ќе гласа за нова локална власт, која ќе ги решава проблемите на граѓаните.
Општина Велес и Булзаково ќе добијат одговорен градоначалник кој под итно ќе го реши проблемот со водоснабдувањето и ќе ги подобри условите за живот за сите граѓани во општина Велес.