Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева вечерва даде изјава за новинарите и посочи дека до овој момент соработката со УБК тапка во место.
“Ќе останеме се додека не ги добиеме потребните податоци за кои имаме судска наредба. Ако треба ќе останеме и до 1 ви јануари но судската наредба мора да ја извршиме.” – истакна Јанева.
Инаку, за денес во 11 часот е најавена прес конференција во СЈО на која ќе бидат обелоденети две нови истраги.