Јанакиевски со писмо му се обрати на Ване Цветанов: Се жали дека интензивно му се суди!

Здружението за истражувања, анализи и развој „Зелена лупа“ денеска информираше дека добиле писмен документ од обвинетиот екс министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски, во кој што се жали за кршењето на неговите основни човекови права.

Од здружението велат дека ќе го разгледаат документот и за истиот ќе испратат допис до Основен Суд Скопје 1 – Скопје.

Јанакиевски присмото го адресирал до претседателот на Здружението Ване Цветанов, а во него наведува дека премногу често го судат, односно судските рочишта се закажувани на многу мало временско растојание поради што нема време соодветно да ја подговтви одбраната.

Mile1
Mile (1)

„Потсетуваме дека нашата заложба е придонес во создавање на правен систем, кој што ќе овозможи правични судски постапки, во кои правото на одбрана, како и правото на подготовка на одбраната, мора да биде овозможено на секого.

Без разлика за кого се работи, во судските постапки, од страна на Судот, мора да се почитува презумпцијата на невиност за секого, како и сите права на обвинетите предвидени во домашното законодавство и меѓународните конвенции. Вклучително и правото на подготовка на одбрана.

Во конкретниов случај, според нашите првични проверки, 57 рочишта за 85 дена, за различни предмети, е прекраток период за исполнување на правото за подготовка на одбрана.

Судовите мора да воспостават механизми за овозможување на правични судења, СО ЦЕЛ ДА ПОМОГНАТ НА ДРЖАВАТА ВО ЕУ и НАТО интегративните процеси. Ваквите случаи може да бидат нотирани во негативен контекст од меѓународната заедница и да и наштетат на државата.

По детално разгледување на документот, дополнително ќе информираме.“ – соопштија преку својот ФБ профил од здружението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e