“Без разлика на одлуката на ДУИ за идна коалиција со Мафијата или Граѓаните предводени од лидерот на опозицијата Зоран Заев, НИЕ Членството на ДНЕТ (Движење за национално единство на Турците во Македонија) како критична маса и совест на турците и граѓаните на Р. Македонија гордо застануваме во одбрана на демократијата и враќање на правната држава и демократските принципи и начела”, стои во соопштението испратено до медиумите од Един Јакуповиќ.
“Целосно застануваме во поддршка на претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз и целокупното раководство како и опозицискиот фронт, до конечна победа и пад на Режимот предводен од фамилијата и лицето Ердоган Сарач”, потенцира Јакуповиќ.