„Јадеше гулаш во Унгарија, а?” – Јанакиески се пошегува со посетителот на Груевски

Пред почетокот на денешното рочиште на судењето за насилството пред Општина Центар, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, го праша Александар Трајковски, кој беше на гости кај Никола Груевски во Унгарија, дали јадел гулаш, пренесе Макфакс.

„Јадеше гулаш, а?“, го праша Јанакиески. Трајковски му одговори: „Јадев, зашто да не јадам. Има дана за мегдана“, по што другите обвинети што чекаа да почне рочиштето во чекалницата се насмеаја.

На денешното рочиште за овој предмет треба да бидат изведени материјални докази на Обвинителството, меѓу кои и две аудиоснимки на СЈО. Првото рочиште за предметот „Насилство во Центар“ почна на 16 декември 2016 година, но динамиката на судење досега се одвива бавно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e