Ја почна ли Груевски пресметката со “соросоидите”?

Финасиска контрола од УЈП се подготвува да ја чешла работата во Фондацијата отворено општество, што е македонски разгранок на мрежата Сорос.
Освен Фондацијата, под лупа ќе биде ставена и работата на уште дваесетина граѓански здруженија. Налогот за инспекција доаѓа во време непосредно пред  да биде објавен Прогласот на  ВМРО-ДПМНЕ за десоросоизација на Македонија. Од Фондацијата отворено општество велат дека станува збор за оркестриран пристисок врз граѓанскиот сектор.
Од Управата за јавни приходи иако најавија став, сепак до емитување на прилогот не одговорија дали станува збор за редовни или вонредни контроли.
Груевски во саботата, пред симпатизерите и подржувачи на ВМРО-ДПМНЕ насобрани пред државната изборна комисија најави борба за десоросоизација на Македонија, во Прогласот што го дефинираше како глас на сите Македонци посочи.
„Прогласот е глас на сите Македонци. Ќе се бориме за десоросоизација на Македонија и јакнење на независен граѓански сектор кој нема да биде под ничија контрола. Ќе се пристапи кон регулирање на областа на финансирање на фондациите и невладините организации по теркот на најнапредните демократии во светот“ – изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Според  дел од граѓанскиот сектор Груевски прави директен удар врз јадрото на демократијата.
„Тој пред два дена исто така употреби еден збор за десородицаија на државата, што и да значи тоа. Тоа се многу опасни зборови, нетрпелив говор и говор на омраза и си го поставуваме прашањето – како ќе ги убедиме тие во ЕУ, обичните граѓани, дека ние сакаме да бидеме членката на ЕУ и дека носиме одредени вредности „ изјави Жанета Трајкоска, Институт за комуникациски студии.
Непосредно пред изборите УЈП ја чешлаше работата на невладините членови на  „Ние одлучуваме” кои го мониторираа избориниот процес. Токму затоа се поставува прашањето, ја започна ли Груевски својата пресметка со “соросоидите”?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e