Изземање на обвинителот од случајот „Поткуп“, бара одбраната на Заев

Јавниот обвиниел, Владимир Милошевски кој го води случајот „Поткуп“, да биде иземен, бара одбраната на Заев.

Против Милошевски, адвокатите на Заев до Специјалното јавно обвинителство имаат поднесено кривична пријава. Затоа, додека СЈО не се произнесе за делата, одбраната бара да се стопира постaпката за случајот „Поткуп“.

Милошевски се товари зa злосторничко здружување, злоупотреба на Посебни истражни мерки, повреда на правото на одбрана и недоставување на списите за преземните мерки.

„Има сериозни индиции дека Милошевски е дел од злосторничко здружување и ја злоупотребува службената положба за политички цели“ истакна Заев.

Судот наложи Јавното обвинителство во во рок од два часа, а најдоцна за три дена, да се произнесе за барањето за изземање на Обвинителот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e