Извлечена девојка која падна во дол на Галичица

Девојката која при рекреација на планината Галичица со друштво, од засега непознати причини, се лизнала и паднала од срт во дол во близина на црквата Св. Ѓорѓија, синоќа пред 18 часот била извлечена од спасувачките екипи и транспортирана со возило на брза помош во болница.

Девојката имала повреда на раката и на телото. Во спасувањето учествувале припадници на професионалната противпожарна единица од Охрид и блиски на девојката. Извлекувањето на повредената девојката се одвивало отежнато поради непристапниот терен и слабата видливост.

Извор: Охридњус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e