Рано утринава, триесетина минути после полноќ, на паркинг во скопската населба Ново Лисиче изгореле две возила. Полицијата извести дека во пожарот настрадале „гранд чероки“, сопственост на Д.Г. (38) од Скопје и „фиат уно“, сопственост на неговиот сограѓанин М.А. (26). Засега не е позната причината за пожарот.
Се претпоставува дека првото возило било во сопственост на сопственикот на сендвичарите “Вили” во Скопје.