Избеганиот осуденик за обидот за убиство на Села, Војминовски се бара со меѓународна потерница

Mинистерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница за Никола Војминовски, осуден на 13 години затвор за обид за убиство над претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.
На Војминовски му беше определена мерка куќен притвор до правосилност на пресудата, но полицијата при рутинска контрола констатирала дека не се наоѓа во својот дом.

Инаку Војминоски заедно со Александар Јаневски – Тошта се меѓу осудените со највисоки казни, на тринаесет и пол односно на тринаесет години затвор.

„Војминовски и Јаневски го извлекле пратеникот Зијадин Села од местото каде што се наоѓале и другите пратениците и им овозможиле на другите обвинети да го тепаат оштетениот. Тоа е услов без кој не можело да биде сторено кривичното дело. Дополнителна тежина на делото му дава и тоа што обвинетите Војминовски и Јаневски делото го сториле против избран функционер кој тогаш бил на своето работно место“, рече судијката Андреевска при изрекувањето на пресудата.

Инаку, Никола Војминовски сведочеше и за големиот случај за 27 април каде во својот исказ посочи дека слушнал како еднодневниот министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, со некого зборувал дека единствен излез за ситуацијата било да се отворат собраниските врати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e