Политичката состојба во земјата и тензиите меѓу ЕУ и Турција за прекин на договорот за мигрантите се причините поради кои претседателот Иванов нема да ја реализира посетата на Австралија. велат од неговиот Кабинет.
Тој требаше да оствари средби со генералниот гувернер, премиерот, спикерот, претседателот на Австралискиот Сенат, со претставници на македонско-австралиската група на пријателство во Парламентот на Австралија, како и со претставници на македонската заедница во Австралија.