Откако во јавноста излегоа неофицијални информации дека заменик помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот, Хојт Брајн Ји, нема да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, ТВ 24 го прашале Кабинетот дали таква средба била побарана.
Од Кабинетот на претседателот одговориле дека до Кабинетот било упатено барање за средба од Хојт Брајан Ји, но со оглед на претходно утврдените обврски, претседателот Иванов нема можност за реализација на таква средба.