Поранешниот шеф на шведската дипломатија Карл Билд кој од денеска е во Скопје, утре ќе оствари средби со партиските лидери, но не и со шефот на државата Ѓорге Иванов, дознава Прес24.
Од кабинетот на претседателот велат дека во неговата агенда не е предвидена таква средба. Неофицијални извори пак брифираат дека Иванов одбива средба поради како што велат непринципиелните ставови на Билд и обидите за мешање во внатрешните работи на земјата.
Неофицијално, Карл ќе се сретне со партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ но не и со Иванов, но сепак сеуште нема потврда за точна агенда за утрешниот ден на гостинот.
Денес на својот Твитер профил Карл Билд напиша дека веќе патува за Скопје во работна посета.