„Преговарањето за платформа на туѓа држава е кршење на суверенитетот на граѓаните.
На изборите се гласаше за партиски програми, а не постизборни платформи на туѓа држава. Не постојат закани кои ќе ме натераат за да го прекршам Уставот, но ги охрабрувам да поднесат кривична пријава и против мене, но и против сите кои во зависна состојба ја донесуваат РМ.
Туѓи постизборни платформи не може да бидат основа за формирање на Влада. Немаме резервна држава. Граѓаните може да се мирни. Се додека сум претседател нема да дадам мандат на партии кои се залагаат за уривање на суверенитетот“, рече во своето обраќање Ѓорге Иванов.