Претседателот Ѓорге Иванов по 24 март до 4 април ќе престојува во Австралија, во посета на македонската дијаспора,оренесува порталот Плусинфо повикувајќи се на добро упатени извори.
-Во текот на денот, се обидувавме да добиеме официјална потврда на оваа информација, но кабинетот на Иванов не одговори на нашите телефонски повици – пишува порталот.
Посетата на Иванов на Австралија некои ја доведуваат во врска со можноста тој намерно да биде отсутен во периодот кога ќе биде под засилен меѓународен притисок да го додели мандатот за состав на новата влада.
Други, сепак, велат дека е сосема можно Иванов мандатот да го додели пред заминувањето во Австралија, а во екот на евентуалните протести пред неговата резиденција да не биде присутен во земјата.