Претседателот на Државата ќе се обрати до нацијата и доколку не се конституира Собранието до нова година.Oд кабинетот на Иванов за 24 вести велат дека Претседателот како и секоја година така и оваа ќе го искористи својата законска можност.
„Претседателот Иванов ќе ја искористи законската можност да се обрати пред Собранието на РМ, доколку се конституира во календарската 2016-та година. Во спротивниот случај Претседателот Иванов своето годишно обраќање ќе го одржи до крајот на годинава во форма и начин за кои дополнително ќе известиме“, велат од Кабинетот на шефот на државата за 24 вести.
Иванов лани се обрати пред пратениците токму на овој ден повика на обединување и порача дека 2016-та ќе биде година-тест за Македонија. Неговото обраќање го бојкотираа пратениците на СДСМ и ДУИ.