Иванов е срам за Македонија

Да не се лажеме … Од Ѓорѓе Иванов, ниту зависеле, ниту ќе зависат политичките и општествените случувања во Македонија. Тој е тешка карикатура заробена во функцијата Претседател на Републиката. Брука за него, срам за Македонија и за сите нас. Но, она што тој мора да го прави, сакал или неќел е да го почитува Уставот и законите на Републиката.

Со оглед дека Републиката е сеуште окупирана и сеуште силувана од страна на врхушката на ВМРО-ДПМНЕ, однесувањето на Ѓорѓе може само да го потврди како соучесник во злосторничкото здружување за незаконско освојување и задржување на власта, настрана од мнозинската воља на граѓаните, што во суштина е и предмет на обработка на СЈО.

Македонија е соочена со злото. Деновите на злото се бројани. Неговата храна: стравот, омразата, поделбите и хистеријата помеѓу граѓаните се сѐ помалку видливи. За среќа на сите нас! Наша среќа е што покрај нас се и нашите пријатели, неотстапувајќи од принципите на современата западна демократија!

Времето на Никола,
времето на Ѓорѓе се завршени!
Македонија одбра нормален живот.
Ние никогаш нема да се откажеме од тоа!
Ни претстои живот, достоинствен живот!

Фејсбук статус на Дејан Павлески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e