Иванов е извор на кризата.
Иванов имаше според уставот 10 дена за да го додели мандатот на партија или партии кои имаат мнозинство за да формираат влада. Наместо тоа, тој по цели 10 дена без таков доказ му го додели мандатот на Груевски и со тоа Груевски без било каков доказ доби 20 дена да преговара со други партии за формирање мнозинство.
Сега Иванов не го доделува мандатот на Заев и не му остава 20 дена за да формира влада туку бара доказ дека има мнозинство за формирање влада и го става во иста позиција како сите други партии.
Не е јасно и колку дена Иванов ќе чека за таков доказ или веќе за неколку дена може да објави дека во отсуство на таков доказ треба да се оди на нови избори.
Со оваа постапка тој директно го дискриминира Заев. Го скусува рокот за состав на влада што го имаше на располагање Груевски и по неуспехот на Груевски да состави влада, директно работи на тоа да не се формира влада.
Иванов продолжува да дава докази дека е само продолжена рака на Груевски во политиката и еден од клучните фактори за дестабилизација на земјата и за продлабочување на политичката криза.
Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов, поранешен министер за правда и амбасадор во Велика Британија