“Веќе на сите им е јасно дека причините за вашето политичко однесување не можат да се бараат во принципите на здраворазумското и рационално размислување, туку во некој ваш личен страв или уцена која ве турка во виорот на афективното и ирационално однесување.
Преку вашата истрајност во непочитувањето на Уставот и законите како да сакате својата лична трагедија да ја колективизирате, да ја наметнете на сите граѓани на Македонија, се со единствена цел да го задоволите вашиот наредбодавец, кој грчевито се обидува да се спаси себеси и својата криминална клика од одговорноста за сите злодела кои ги напаравија на државата.
Бидејќи на Зоран Заев не сакавте, а му ветивте, да му го дадете мандатот за состав на влада, а имајќи во предвид дека принципите на демократијата за вас не претставуваат никаков императив или извор на политичко однесување, во овој момент ви предлагаме својата „историска мисија“ да ја завршите на еден оргинален начин, кој за момент може да ве извади од сенката на наредбодавецот.
А тоа е да го следите примерот на шефот на Азербејџан, Илхам Алиев, кој својата сопруга ја именувана за прв потпретседател на земјата, и вие својата сопруга да ја определите за мандатор за состав на нова влада. Само на тој начин може да го компензирате неисполнувањето на вашата желба Груевски да биде повторно премиер, бидејќи ниту нови избори нема да му ги донесат толку посакуваните 61 пратеник“, се вели во соопштението на НСДП.