Нетранспарентна и нефункционална Државната комисија за спречување корупција ја изгуби довербата кај граѓаните, ваква е оценката на македонскиот центар за меѓународна соработка која го следење десет годишното работење на институцијата.
Според МЦМС комисијата за спречување корупција најмногу потфрлила кај надзорот на буџетските средства за време на изборните кампањи и финансирањето на политичките партии. Комисијата нема ниту еден извештај за трошењето на парите во буџетот.
„Во последниот квартал од 2016 година поврзано со изборите, Комисијата ги одржа во дури три јавни седници со којшто јавноста имаше можност да се запознае со работењето на комисијата“, изјави Марија Саздевски, МЦМС.
Освен парите во буџетот комисијата недоволно ја следела и имотната состојба кај функционерите и носителите на јавни функции. Во 2011 година комисијата ја проверила имотната состојба на 126 лица, додека за четири години подоцна во 2015 тоа го направила само кај 43 лица. Директорот на комисијата за спречување корупција вели проблемот бил во капацитетите со кои располага институцијата.
„Во моментов заедно со сите членови на Комисијата, ниесме 34 вработени кои треба да ја покријат работата на целата држава и на сите институции. Во нашите надлежности може да видите дека ги имаме многу на број, но колку тоа Комисијата со овие капацитети може да го покрие, може да пресудите и сами“, изјави Игор Тантуроваки, претседател на ДКСК
Со колкав капацитет и колкав буџет располагала комисијата во 2011 година кога ја следела имотната состојба на функционерите, Тантуровски не одговори. Но во 2006 година буџетот на комисијата изнесувал 170 000 евра и пораснал на 564 000 евра во 2017 година.
Извор: ТВ 24