Истражување: 82 отсто од членовите на ДУИ сметаат дека има корупција во власта

Истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка покажало дека дури 82 отсто од анкетираните членови и симпатизери на ДУИ сметаат дека има корупција во власта и во институциите со кои раководи таа, пишува СДК.

Од прашаните симпатизери на ДПА, пак, 79,5 % сметаат дека има корупција, како и 73 отсто од тие од СДСМ. Но, и 34,1 % од прашаните симпатизери и членови на ВМРО-ДПМНЕ, сметаат дека има корупција во Македонија.

Коруптивниот притисок од службените лица и подлегнувањето на граѓаните на тој притисок, според истражувањето на МЦМС, оваа година, во однос на 2014, бележат зголемување.
Отпор кон корупцијата, вели Извештајот на МЦМС за проценка на корупцијата, кој беше презентиран денеска, речиси и да не постои. Годинава на 30,5 отсто (од анкетираните граѓани) им бил побаран поткуп, а 29,2 отсто од нив дале поткуп. Скоро сите. Само 46,9 отсто од испитаните се изјасниле дека не би дале поткуп ако им биде побаран.

Целиот текст прочитајте го тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e