Исчезнатиот Атанасовски пронајден мртов

Денеска околу 13 часот е пронајдено безживотно машко тело во Нерези, на патот кон вила „Меранда“, потврдуваат од МВР.

Според неофицијални информации, станува збор за 35-годишниот Горан Атанасовски, кој вчера беше пријавен за исчезнат од страна на неговото семејство.

pres-organizatori-27-777x437

Последните информации на семејството биле дека тој бил виден кај трговскиот центар „Беверли“, од каде заминал со сиво металик „фолксваген поло“ со регистарски таблички СК-3104-АО. Тој бил облечен во кошула и панталони, а семејството бараше помош преку споделување фотографија на социјалните мрежи.

Безживотното тело е предадено на Судска медицина, каде што ќе се изврши обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e