Иницијативата „За заедничка Македонија“ мобилизира и во студентските домови!

Иницијативата „За заедничка Македонија“, со поддршка на владеачката структура, повикува од денеска да ѝ се приклучат и студентите.

16998984_1208507212600874_2433881353731430786_n

„Иднината е во младите, а ние младите кажуваме НЕ за Тиранската платформа. Сите студенти заедно да си ја зачуваме унитарноста на нашата татковина“, стои во повикот објавен на социјалните мрежи, креиран од фан- страницата „Студентите за Македонија“.

Фан-страницата е нова, креирана е пред само два дена, на 27-ми февруари.

Во студентските домови „Кузман Јосифовски Питу“ и „Пелагонија“, во текот на вчерашниот ден, од врата на врата,на студентите им се делеле материјали што повикуваат на поддршка на протестите против двојазичност.

На социјалните мрежи се објавуваат СМС-пораки со кои и од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМЕ ги мобилизира студентите да се појават на денешниот протест.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e