Еден навивач од Словачка е приведен, а на 10 други не им е дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето, соопшти денеска МВР.
– Во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север е пријавено дека во воздухоплов кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот и по слетувањето не ги почитувале правилата, агресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници и екипажот. Полициски службеници веднаш пристигнале на местото и по преземени мерки го приведоа Л.Т.(38) од Словачка, а на 10 други лица, исто така, од Словачка, не им беше дозволен влез во државата од безбедносни причини, наведуваат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против Л.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.
