Јавното обвинителство на Република Македонија денеска соопшти дека врз основа на информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи (ЦСР) во врска со случајот со смртта на мајката и девојчето кои паднаа од шести спрат во Карпош, оформило предмет по допрен глас и го проследило на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје.
ОЈО Скопје, како што информираат од ЈОРМ, ќе преземе дејствија на проверки за да испита дали со овие неправилности се исполнети елементи на кривично дело кое се гони по службена должност.
