“Има иднина“ ја поздравува одлуката на политичката партија ДУИ за учество во новата Влада на РМ предводена од СДСМ и Зоран Заев.
„Има Иднина“ целосно ја осудува деконструктивната и антидржавна политика на ВМРО-ДПМНЕ поддржана од корумпираната пропагандна медиумска машинерија која манипулира и им влева неоправдан страв на граѓаните.
Оттаму ги поздравуваат напорите на Европската Унија, особено на Германија, како и на САД и НАТО во континуираните обиди за наоѓање излез од политичката криза преку постигнување политички договор.
„Сметаме дека реакциите на Министерството за надворешни работи на Русија во однос на македонската криза кои го охрабруваат кршењето на Уставот на Македонија не се конструктивен пристап кон разрешување на политичката криза во Македонија“, велат од „Има иднина“.