Илија Димовски по кој знае кој пат се закани

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски по координативната средба видно нервозен рече дека било пракса претседател на комисијата за избори и именување да биде од пратеничката група која освоила најмногу мандати.

Тој кажа дека доколку некој планира со сила да изгласа претседател на комисијата ќе си ги сноси последиците. На новинарско прашање на какви последици мисли, Димовски кратко одговори „ќе видите во моментот“.

Во меѓувреме активистите на иницијативата “За заедничка Македонија” која во јавноста се зборува дека е во организација на ВМРО  – ДПМНЕ упорно стојат на ставот дека нема да дозволат на СДСМ и нивниот претседател Заев да формира влада ( што е негово уставно право) и дека се спремни ако треба и да влезат во собранието со цел да се спречи формирањето на влада по се поизвесното сценарио дека Иванов нема намера да го даде мандатот.

Дали Димовски мислеше на вакви насилни последици кои би дошле токму од страна на иницијативата, преку наредба на ВМРО – ДПМНЕ, останува самата јавност да процени

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e