Само утрово три неуспешни обиди на судскиот курир да го најде Груевски

Судскиот доставувач од сабајлево на три пати се обидел на адреса каде се води по лична карта да му го достави решението на Никола Груевски дека не му се одложува затворската казна. Но, на домашната адреса никој не отворал врата. Од судот велат дека до крајот на работното време до 15.30 часот, ќе се обидуваат да го достават решението, и ако не успеат, попладне ќе побараат полициска асистенција да се лоцира Груевски. Ако ни преку МВР не успеат да го пронајдат, од утре ќе биде распишана потерница, со што ќе има статус на бегалец.

А во меѓувреме, од затворот Шутка до судија за извршување на санкции веќе испратриле известување дека Груевски не се јавил во затворот на издржување на казната затвор од две години.

Претходно, како опција се споменуваше решението да му биде предадено на Груевски ако тој се појави на рочиштето за предметот „Титаник“, но тоа наместо за денеска е презакажано за в среда.

Куририте од Кривичниот суд во петокот веднаш по одлуката на Кривичниот совет три пати се обидоа да го најдат Груевски за да му го достават решението. Тој оттогаш не се огласи во јавноста, а не се појавуваше ниту во собраниските комисии каде викендов се усвоија нацрт амандманите за измена на уставот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e