Обвинетиот Игор Југ на седницата во врска со 27 април, на судијката Добрила Кацарска и ја покажа фотографијата на српскиот агент Горан Живалевиќ. Сето ова се случи во времето кога доцнеше започнувањето на денешната седница, пред Судскиот Совет да стигне во сала. Но, додека го испитуваше Игор Југ, за сведокот на МВР, Кацарска на ироничен начин му кажа “Ајде Живалевиќ повели“. Во овој случај, обвинетиот Игор Југ рече дека овој човек е од повисоко ниво, и повторно му ја покажа неговата фотографија.
„Ете го Живалевиќ, го носам, тука е. И за него ќе зборувам кога ќе дојде време, тука во судница“, рече Југ.
Сведокот кој зборуваше на седницата на 27 април беше поранешниот командант на Единицата за обука и поддршка, Бранко Трајановски. Тој сведочеше по предлог на обвинетиот Митко Пешов, кој во тоа време беше шеф на Единицата полициските специјални сили. Сведокот рече дека Пешов му наредил да упати членови на неговата единица во Собрание во 19:45 часот. Но, според него, во Касарната “Ѓорче Петров“ тој во тие моменти имал само 13 членови во формација. Трајановски на прашањата на обвинителката Вилма Русковска рече дека им наредил на овие членови да им се приклучат на наредбите на заменик-командантот на ЕБР за да им помогнат во блокирањето на демонстрантите и евакуацијата на пратениците.
„Кога се слушнавме со началникот околу 19.45 часот, луѓето кои ги имаше во базата ги упативме кон Собранието. Прашав што да правиме понатаму, ми беше кажано да почекам, по што околу 20.10 часот тој ми се јави да бидат повикани припадниците на единицата од сите сектори за внатрешни работи и да останат таму. Околу 20.25 ми се јави повторно началникот и нареди како ќе се собираат припадниците на единицата така да тргнуваат кон Скопје“, изјави Бранко Трајановски, еден од сведоците.
Седницата започна со 50 минути задоцнување бидејќи обвинетиот, Вилијам Михајловски се жалеше дека не се чувствува добро. Но, по испитувањето во Кривичниот суд, лекарите откриле дека тој немал здравствени проблеми освен забоболка, а судијата нареди да се одржи седницата.
Извор: 21ТВ
