Ибраимовски: Додека Бајрам се смееше на бината, негов сопартиец мртов лежеше на асфалтот

Пред настапот на Амди Бајрам на партискиот митинг во Охрид пред неколку дена се случи трагична несреќа во која загина еден 41-годишен член на Сојузот на Ромите, рече вечерва Самка Ибраимовски од ПЦЕР на митингот во Кочани.

– Наместо Бајрам да излезе на бината и да каже дека се случи несреќа и да побара едно минутно молчење и да каже дека не е во можност да зорува тој излезе на бината и ги забавуваше своите коалициски партнери со глупости, а телото на трагично загинатиот Ром лежеше на асфалтот. Од ова можете да видите за каква личност се работи – рече Ибраимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e