И покрај тоа што имаше тешки моменти, како настаните во Собранието кои беа надминати, и покрај одложувањата и неизвесноста, сега Македонија има влада и тоа е мошне позитивен чекор.
Воедно ова е и позитивен пример за останатиот дел од регионот, за тоа како тешкотиите и политичките кризи можат да се надминат со политичка волја.
Ова во интервју за Гласот на Америка го изјави Хојт Ји, помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот.