Заменик помошникот на американскиот државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Хојт Брајан Ји кој од вчера престојува во Македонија, денеска, како што е предвидено, треба да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, новоизбраниот претседател на Собранието Талат Џафери и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев.
Потоа Ји ќе разговара и со претставници од граѓанскиот сектор.
Високиот дипломат на САД вчера имаше средбисо лидерите на ДУИ, Беса, Алијансата и ДПА. Лидерот на ДУИ Али Ахмети, по средбата со Хојт Ји порача дека новиот претседател на Собранието Талат Џафери ја има поддршката на меѓународниот фактор и дека таа реалност треба да ја прифати и ВМРО-ДПМНЕ.