Хојт Брајан Ји: Иванов да овозможи што поскоро да се формира нова влада

САД се заинтересирани за стабилноста и просперитетот на државите во регионот, порача денеска од Загреб заменик помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Хојт Брајан Ји.

Тој ги повика сите страни во Македонија да бидат подготвени на компромис и да се формира нова постизборна влада.

– Искрено се надеваме дека македонскиот претседател ќе им овозможи на пратениците кои изразија желба за тоа и на партиите што тие ги претставуваат да формира влада што е можно поскоро, бидејќи на Македонија и треба влада која ќе ги продолжи и ќе ги доврши почнатите процеси во рамки на претпристапниот процес на Европската Унија – изјави Ји.

Во однос на регионот, тој истакна дека од клучно значење е да се продолжи со реформите и да се достигнат европските стандарди, за земјите од регионот да продолжат на евроатлантскиот пат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e