Зоран Заев е веќе ставен на тапет на режимските курири затоа што отишол да го гледа најважниот фудбалски натпревар за оваа година и да даде поддршка на Шкендија, клуб кој успешно ја преставуваше Македонија во Лига Европа.
Овој потег на лидерот на опозицијата треба да биде поздравен од нормалната Македонија. Овој чин ги руши ѕидовите помеѓу граѓаните, кои режимските ДПМНЕ и ДУИ долги години ги градат. Режимот би сакал се да остане поделено, единствено криминалите на ДПМНЕ и ДУИ, тешки милијарди евра, да бидат заеднички.
На оние кои внимателно следат што се случува на политичката сцена во Македонија јасен им е обединувачкиот потенцијал кој со себе го носи опозициската борба против режимот. Затоа ги имате следните ситуации: Струмица организира најголем ифтар, Заев оди во Диво Насеље, оди во поплавените подрачја каде што живеат и Албанци, оди на натпревар каде 30.000 луѓе навиваат за Шкендија, а таму ги нема лидерите на засега најголемите партии на Албанците во Македонија.
Што мислите, зошто Али Ахмети или Мендух Тачи не отишле досега во Диво Насеље или во поплавените подрачја каде што живеат Албанци? Што мислите, како ќе поминеше Никола Груевски помеѓу 30.000 навивачи на Шкендија ако се осмелеше да отиде на најважниот клубски фудбалски натпревар во Македонија за оваа година?
Да се навива за фудбалски клуб од Македонија, кој беше пред историски успех, е патриотски чин. Да ги рушиш националистичките ѕидови градени од криминалните ДПМНЕ и ДУИ е исто така патриотски чин. Можеби ова никогаш нема да им стане јасно на слепите подржувачи на ДПМНЕ и ДУИ, но затоа тоа им е кристално јасно во врхушките на режимските партии, па оттаму и ваквата реакција на режимските медиуми.
Фејсбук статус на Џељо Хоџиќ