Хари Костов: Некој користел деловни тајни за стекнување нелојална конкурентска предност или свои лични интереси

Многу сериозно загрижува фактот дека определени лица од УБК се осомничени за злоупотреба на системите за следење на комуникациите и незаконско прислушување и се надевам дека секој ќе си ја понесе одговорноста за сторените дела – вели за Канал 77, бизнисменот Хари Костов, кој според СЈО бил незаконски прислушуван од УБК.

„Фактот дека и јас сум бил прислушкуван и тоа во период повеќе од две години, воопшто не ме загрижува, бидејќи ниту се занимавам со нелегални дејствија ниту имам што да сокријам. Но, загрижува фактот дека слушањето на моите приватни и службени разговори е правено противзаконски и за сметка на нечии лични интереси. При тоа, не се работи дека е прислушкуван Хари Костов како физичко лице, туку и како претставник на деловна институција, која според законот располага со деловни тајни, а со чие прислушкување некој ги злоупотребил за стекнување нелојална конкурентска предност или за свои лични интереси“, додава Костов.

На последната прес конференција на СЈО за предметот „Таргет“ беше изнесено дека меѓу новинарите, политичарите, бизнисмените и други, Хари Костов како бизнисмен бил прислушкуван повеќе од 700 денови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e