Хан: Важно е новата влада да биде на широка основа

Важно е новата влада да се формира на солидна и широка основа, изјави денеска еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на прес-конференцијата по Министерскиот состанок за Западен Балкан што се одржа во македонското МНР.

– Мора да се формира демократско мнозинство, што можеби ќе изненади некого, и мора да се формира влада која стабилно ќе владе четири години – порача еврокомесарот.

Тој јасно рече дека нема време за губење и дека итното формирање влада е неопходно.

– Немав претходно никакви состаноци, ова попладне сум тука да ги ислушам ставовите на политичките лидери во земјата кои имаат постигнато многу од Пржинскиот договор. Изборите не се крај на процесот, сега следен чекор е формирање влада – рече Хан.

На новинарско прашање, дали носи некаков предлог, еврокомесарот рече:

– Јас нема да давам никакви предлози. Крајната одлука треба да ја донесат политичарите во оваа земја и тоа е многу важно. Можеби резултатот од изборите го изненади некого, но сега треба да се формира влада, а демократските одлуки треба да ги почитуваат сите политиќки партии – изјави Хан.

Тој потенцира дека во Скопје е дојден да ги ислуша лидерите на политичките партии и дека неговата порака е оти земјата има постигнато многу, но оти следен чекор е формирање влада. Нагласи дека сите треба да бидат свесни за својата одговорност и интересите на државата.

Извор: Плусинфо

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e